Свет

Убиениот бизнисмен од Бања Лука бил во тајна љубовна врска со пејачка

Поради професионална ликвидација полицијата ги приведе двајцата браќа Армин и Нермин Ќулума, но после сослушувањето беа пуштени на слобода.

Бизнисменот Славиша Круниќ од Бања Лука кој е изрешетан во понеделникот минатата недела, важел за голем заводник во регионот, а некогаш бил во врска и со пејачката Емина Јаховиќ, но и со манекенката Тијана Стајшиќ.

Круниќ и Јаховиќ биле во врска уште во 2008 година, пред таа да го запознае пејачот Мустафа Сандал, за кој се омажила.

Во врска биле неколку месеци. Тоа била голема љубов, која тие се обидувале да ја сокријат од јавноста, иако таа тогаш живеела во Бања Лука. После раскинувањето останале во добри односи, а набрзо потоа Славиша започнал врска со некогашната мис на Југославија Тијана Стајшиќ, која подоцна беше крунисана со веридба.

Нивната љубов траела три години.

Убиениот Круниќ поради својата агенција за обезбедување постојано бил во контакт со бројни јавни личности кои престојувале во Бања Лука, посебно додека во тој град се одржувале Оскарите на популарноста.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток