Свет

Фејсбук трајно укина профили на влијателни ултрадесничари

„Фејсбук“ го забрани профилот на Алекс Џонес основач на сајтот „ИнфоВорс“ (Infowars),  и некои други контроверзни лица од крајната американска десница, поради кршење на правилата на оваа социјална мрежа за опасни поединци и организации.

Меѓу луѓето што се забранети на Фејсбук и Инстаграм покрај  Џонес, се и лидерот на организацијата „Нација на исламот“ Луис Фарахан, познат по неговите антисемитски и хомофобични ставови, и ултрадесничарскиот коментатор Мајло Јанопулос. Џонс и ИнфоВорс беа забранети на Фејсбук во август, но до сега останаа на Инстаграм, кој е во сопственост на Фејсбук.

Во пишана изјава до ДПА Фејсбук информира дека поединците и групите се забранети во рамките на политиката на компанијата против „опасни поединци и организации“. – Отсекогаш сме забранувале поединци или организации кои промовираат или поттикнуваат насилство и омраза, без оглед на нивната идеологија, се додава во изјавата.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток