Свет

Ципрас официјално стана и министер за надворешни работи на Грција

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас ја презеде функцијата министер за надворешни работи на земјата со заклетва пред претседателот, Прокопис Павлопулос. Со тоа Ципрас официјално ќе раководи со министерството што беше предводено од Никос Коѕијас до неговата оставка во средата, а паралелно ќе ја извршува и премиерската функција.

По заклетвата, Ципрас замина во зградата на Министерството за надворешни работи, каде му заблагодари на неговиот претходник и истакна дека ова е историски ден за грчката наворешна политика, алудирајќи на гласањето во македонскиот парламент за започнување на процесот за промена на уставот во согласност со договорот за името, пишува грчката новинска агенција „АНА-МПА“.

Освен тоа, Ципрас ги искоментира и односите со Турција, потенцирајќи дека Атина нема да толерира нарушување на грчките територијални права, забележува агенцијата.

Во однос на информациите за тајни фондови на грчкото министерството за наворешни работи, премиерот посочи дека владата создала рамка за зголемување на транспарентноста и институционална заштита против злоупотреби.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток