На повидок се нови конфликти во грчката Влада, пишува грчкиот весник „Катимерини”, по гласањето за почеток на процедурата за уставни промени во македонското Собрание.
Грчкиот премиер, Алексис Ципрас доцна му честиташе на својот македонски колега, Зоран Заев, за, како што посочи постигнатиот важен чекор во заедничкиот успех, односно да го прифатат предлогот на Владата за измените на Уставот, според кој меѓу земјата се преименува во Република Северна Македонија.
Ова се случува неколку дена по оставката на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас.
Според „Катимерини”, Ципрас би требало да сфати дека поделбите во домашната политика се неизбежни и дека тие се одразуваат на стратешките национални интереси на државата.
Весникот, пишува дека Ципрас треба да разбере и да влијае на изјавите на министерот за одбрана, Панос Каменос кои можат да влијаат на домашната политичка сцена.
Неговото обвинение за поткуп на македонски пратеници поради негативните политички интереси е тема во која грчката јавност брзо ќе се пронајде, а во грчките кафеани ќе се прашуваат: „Колку наши пратеници ќе гласаат за договорот од Преспа”.