Скопје

Четворица тинејџери нападнати со цврсти предмети во автобус на ЈСП

Вчера во периодот околу 20,50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на автобуската постојка пред с.Чучер Сандево, во автобус на ЈСП со бр.81 кој сообраќал на релација Скопје-Долно Блаце неколку лица со цврсти предмети влегле во автобусот и ги нападнале А.Ф. (18) и уште три лица од кои две на 15 годишна возраст и едно 16 годишно лице, сите од с.Долно Блаце.

Екипа на Итна медицинска помош им укажала лекарска помош на местото на настанот, а А.Ф. и едно 15-годишно лице биле пренесени во комплексот клиники “Мајка Тереза“.

По настанот, повеќе жители од с.Долно Блаце изразиле револт на местото на настанот, но набргу се повлекле. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток