Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против С.Ф.(37), поради постоење на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ предвидено и казниво по чл.215 од Кривичниот законик на РМ.
„На 18.10.2018 година е извршен претрес на неговиот дом и други простории кај пријавениот. При претресот пронајденa била поголема количина на непозната растителна и прашкаста материја, за кои по извршеното вештачење утврдено било дека се три стебла со корен и пет гранки од канабис, 73 грама марихуана, 170 семки од растението канабис и дигитална вага со остатоци од марихуана и хероин. По завршување на претресот лицето било приведено во Полициската станица Карпош за понатамошна постапка“, информираат од МВР.
