Здружението на пензионери – Карпош одбележа 40 години од своето постоење. Ова здружение во изминативе децении работи на подобрување на статусот на пензионерите и повозрасните граѓани на Карпош, нивна социјализација и меѓусебна комуникација, организирање на настани и други активности.
На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и дел од членовите на Советот.
„Дадената доверба значи обврска. Во изминатиов период покажавме дека ќе водиме еднаква грижа за сите пензионери. Тоа што го планираме за следната година е проектот за хумани патроли кој ќе овозможи помош и поддршка на пензионерите на кој им е најпотребно, здравствени прегледи или завршување на некоја секојдневна работа. Исто така, предвидуваме и отворање на повеќе пензионерски клубови“, рече Богоев.
Во текот на вчерашниот ден, Одделението за спорт и култура при Општината ги организираше и деветитте по ред „Спортски лиги“ за повозрасните карпошани. Овој настан го поттикнува дружењето меѓу овие лица и овозможува да бидат активни.
