Македонија

(ВИДЕО) Димовски: Македонија нема да стане европска земја со поддршка на антидржавните политики од страна на 80 очајници

Демократска и правна држава во која што се носат одлуки спротивно на уставот и јасно изразената волја на граѓаните на референдум, не постои, ниту пак постои демократска и правна држава во која што се одложува гласање се додека не се соберат гласови на пратеници кои се под закана на политички прогон, обивни денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

На прес-конференцијата, членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Димовски ијзави дека сега се гледа која била намерата да се нарачаат политички конструирани обвиненија и притвори за 27 април, да се нарачаат монтирани предмети против деца на пратеници или да се ангажира специјалното јавно обвинителство да гони поранешна министерка за култура која е актуелен пратеник.

„Раководството на СДСМ порачуваше дека Крсто Мукоски бил убиец кој морало да си лежи. „Ајде на здравје“ беше честитката од раководството на СДСМ за синот на пратеничката Авировиќ, а истите се радуваа и ликуваа што Елизабета Канчевска Милеска останала без пасош бидејќи таа била зло за Македонија. Истото тоа раководство на СДСМ сега побара и доби поддршка за антидржавните политики токму од овие пратеници кои најжестоко ги напаѓаше. Ова не се европски вредности и демократијата кон која што тежнее Македонија и македонскиот народ“, изјави Димовски.

Вчерашниот ден ќе остане запомнат како црн петок, вели Димовски и додава дека секој од нас живее со сопствените одлуки и за тоа сноси одговорност пред сопствениот народ.

„Македонија нема да стане европска земја со поддршка на антидржавните и мафијашки политики од страна на 80 очајници,“ додава Димовски.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток