Македонија

МВР поднесе кривична пријава против советникот на Груевски

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе Известување за откриени содржини во кои има повикување на насилство или најави за однесување кое би значело загрозување на туѓа безбедност, а се објавени на профили на социјалната мрежа Фејсбук во изминатите 24 часа, кои се соодветно документирани.

„Против Г. Т. (48) од Скопје, поради споделена објава на социјалната мрежа Фејсбук со која се шири говор на омраза и загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието на Република Македонија, до надлежното јавно обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава согласно чл.319 и чл. 144 став 4 од Кривичниот законик на Република Македонија“, велат од МВР

Да даде Господ од утре еден по еден од овие да ги гледаме во некролог по бандери и весници. Гроб да неможе да им направат на Макдонска земја !!!!

Posted by Goran Torbakov on Friday, October 19, 2018

Оттаму ги повикуваат сите граѓани кои се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата [email protected]

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток