Македонија

СДСМ: Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ останува осамено и изолирано

Антизападното, антинародното и антидржавното раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски, останува осамено и изолирано во својата злоба и срам, велат од владејачката СДСМ, како реакција на прес-конференцијата на Димитар Димовски

Оттаму додаваат дека 80 пратеници во Собранието слободно, по сопствено убедување и низ демократска постапка гласаа за иднина во ЕУ и НАТО, преку усвојување на потребата за измени на Уставот.

„Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ му свртеа грб на пионот на Никола Грусвки, Христијан Мицкоски и презедоа одговорност за иднината на државата. Поразеното антинародно раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од антизападниот играч Мицкоски огромните лаги, измислени во клучни моменти за иднината на државата, ќе мора да ги докажат на суд.

Граѓаните го препознаваат и поздравуваат историскиот чекор на 80те пратеници што обезбедува помирување и национално обединување за врвните државни интереси. Македонија се обединува внатпартиски и надетнички и тргнува кон полноправно членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ“, се наведува во партиската реакција.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток