Свет

Германија воведува ,,министерство за осамени”

Германија размислува за воведување посебен оддел во рамки на Министерството за здравство, кој би се грижел за проблемите на осамените граѓани, објави денеска „Велт ам Зонтаг”.

– Досега малку внимание им се посветувало на болестите кои ги предизвикува осаменоста. Едно неодамнешно истражување покажува дека осаменоста често предизвикува психички болести, како што се депресија, анксиозност, но и болести на крвниот систем, изјави функционерот од редовите на социјалистите Карл Лутербах.

Тој бара, по примерот на Велика Британија, да се воведе оддел при Министерството за здравство што ќе се занимава со осаменоста и штетите кои ги причинува таа појава врз општеството.

На почеток