Свет

(ВИДЕО) Тридневна жалост во Мурманск – Русија, поради авионската несреќа

Руските власти во регионот Мурманск прогласија тридневна жалост поради авионската несреќа, што се случи вчера на аеродромот Шереметјево, а во која загина 41 човек. „Прогласена е тродневна жалост во Мурманск“.

Несреќата се случи кога авион на Аерофлот „сухој суперџет 100“, се запали и во оган се движеше по пистата. Патниците беа евакуирани додека авионот гореше, а црн чад се издигнуваше кон небото.

„На авионот имаше 78 патници и членови на екипажот’, велат од Комитетот за истраги, а авионот од Москва полетувал кон северозападниот град Мурманск.

„Според последните податоци 38 луѓе преживеале“, а портпаролот на истрагата потврди дека загинати се 41 лице.

 

 

На почеток