Свет

Нападнат пратеник на Сириза

Пратеникот на грчката владејачка партија Сириза Петрос Константинеас бил нападнат и одведен во болница поради повреди кои, како што изјави негов близок соработник, не биле опасни.

Според него, околу 30 луѓе го нападнале Константинеас додека со синот го напуштал стадионот во југозападниот град Каламати каде што бил на фудбалски натпревар. Грчкиот министер за европски прашања Јоргос Катругалос изјави дека напаѓачите биле припадници на екстремната десница. Полицијата соопшти дека привела петмина осомничени. 40 годишниот Константинеас е пекар и некогашен фудаблски судија. Избран е во парламентот во 2015 година.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток