Откако Канје Вест јавно разговараше со Џими Кимел за својата борба со биполарно растројство, Мајк Тајсон му порача дека е време да почне да зема лекови.
„Почни да ги пиеш тие е… лекови”, му порача познатиот боксер откако и самиот прозборе за своите психолошки проблеми за време на интервјуто за радио Реал 92.3.
Тој откри дека пред 15 години му било дијагностицирано биполарно растројство.
„Знаев дека нешто не е во ред бидејќи имав напади на бес без никаква причина. Можеме да зборуваме за тоа со часови, но сé се сведува на ова: почни да ги земаш е…ните лекови. Немаше да бидам тука ако не почнев да ги пијам”, рече тој.