Дејвид Бекам проговори за односите со Викторија и призна дека било тешко да се сочува нивниот брак.
„Да се биде во брак толку многу години е тешка работа. Со текот на времето стана многу комплицирано“, изјави Бекам.
Викторија во јуни објави слика со нејзината ќерка и изјави дека таа и нејзиниот сопруг функционираат нормално, а гласините за нивниот развод најмногу ги погодуваат нивните деца.
„Луѓето измислуваат приказни за нас веќе 20 години. Дејвид и јас се навикнавме да ги игнорираме. Тие приказни повеќе ги погодуваат членовите на нашето семејство отколку нас двајца“, изјави Викторија.