Познатиот глумец Бредли Купер купи стан во Њујорк кој чини 13 милиони долари. Холивудската ѕвезда во новиот дом ќе живее со моделот Ирина Шајк и нивната едногодишна ќерка Леа.
После големиот успех во филмот “Ѕвездата е родена”, инаку кандидат за Оскар, американскиот актер се почасти себеси и својата фамилија со луксузни неверојатни 370 квадратни метри на Менхетен во Њујорк.
Новиот стан има шест спални, четири купатила, приватно кино, паметни уреди…. Дневната соба има камин и поглед на приватна градина каде се наоѓа скара, како и маса за пинг-понг.