Магазин

Во Кина откриен нов вид на летaчки диносауруси

CNN објави дека кинеските научници пронашле нов вид на летачки диносауруси, кои според својот изглед потсетуваат на лилјаци. Ова откритие му дава едно сосема ново светло на процесот во кој диносаурусите се развиле во птици. Фосилните остатоци на новиот вид диносаурус беа откриени во Лиаонинг, на североисточниот дел од Кина, од страна на Мин Ванг, кинески палеонтолог и главен автор на студијата која беше објавена неделава. Ванг овие летачки диносауруси ги нарекол Ambopteryx longibrachium.

Меѓутоа, понатамошните истражувања покажале дека станува збор за сите диносаурус терапод со уникатни предни екстремитети и мембрански крила. Фосилот стар 163 милиони години е втор таков пронајден во светот и покажува дека постоеле диносауруси со крила слични на лилјаци, иако таа особина е забележана и кај праисториските летачки верверички, лилјаците и кај птеросаурусот. Единствениот диносаурус со слични особини на овој фосил бил Yiqi, кој е опишан во 2015 година.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток