Магазин

ВИДЕО: Погледнете ги легендарните гафови на Иванов

Од кога стана претседател во 2009 година, па сè до денес, Ѓорге Иванов на функцијата меѓу другото ќе биде запаметен по гафовите во јавноста. Од неговата прва неславна изјава откако стапи на функцијата за Космодиск демократија – шашаво е, ама функционира, по која следеше легендарната – Разумен компромис е разумен компромис, потоа дека западната цивилизација тргнала од селото Паљурци крај Богданци, по што се редеа и низа други, како таа дека си намигнал со американскиот претседател Барак Обама, па ако тој можел да биде претседател, зошто и децата да немаат сон да станат нешто во животот, нема ништо поуспешно од успех или после декември ќе дојде јануари.

Последната во низата е неговата изјава за време на регионалната бизнис иницијатива „Самит 100“ во Сараево, одговарајќи на прашањето како Александар Македонски денес би се снашол во македонската бизнис клима.

„И Исус Христос да се јави ќе го убијат. Исто важи и за Мухамед. И тој да се јави ќе го убијат“, рече Иванов и следеше уште една дека „Александар бил тоа што бил оти учител му бил Александар“.

Политичкиот аналитичар Соња Стојадиновиќ вели дека Иванов со гафовите не само што се омаловажува и наведува себе си, туку и самата држава која ја претставува и генерално целото население кое живее во неа.

Погледнете ги гафовите на Иванов:

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток