Свет

(ФОТО) Комбе удри во авионот на Меркел

Комбе марка „рено“, без возач, се заби во авионот на германската канцеларка, Ангела Меркел, пренесуваат германските медиуми. Според пишувањето на весникот „Билд“, пред инцидентот канцеларката седела во комбито на аеродромот во Дортмунд и разговарала со жената којашто го возела. Се претпоставува дека од преголема возбуда од средбата со Меркел, жената по излегувањето заборавила да го закочи.

За кратко, возилото што останало на аеродромот, тргнало и удрило во предниот дел на владиниот авион.

Леталото е оштетено, но нема повредени. Се очекува Меркел да се врати во престолнината со хеликоптер.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток