На седницата на Владата на усвоена Предлог – одлуката за започнување постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за изградба на две катни гаражи во комплекс клиники „Мајка Тереза“
– Целта на постапката за доделување на договор за јавно приватно партнерство за изградба на две катни гаражи во Комплекс Клиники Мајка Тереза Скопје е финансирање, дизајнирање, изградба на објектот, користење, управување и одржување на новиот објект се со цел да се исполни целта на ЈПП и давање на квалитетна услуга. Со овој модел на ЈПП, приватниот партнер ќе биде одговорен за финансирање на дизајнот, финансирањето на изведбата на градбата, целосно опремување, управувањето и одржувањето на двете нови катни гаражи, стои во соопштението од Владата.
