Скопје

(ФОТО) Детали за страшната сообраќајка во Драчево

Пет лица ги изгубија животите во тешка сообраќајна несреќа на влезот од скопската населба Драчево која се случила синоќа околу полноќ.

При судирот на автомобил и камион загинаа на лице место три лица, а две починале на скопските клиники.

Како што информира „Магазин“во несреќата настрадал поранешен полицаец од полициската станица Драчево заедно со своето семејство. Неофицијално меѓу загинатите има и деца.

Несреќата се случила кога патничкото возило „рено 5“ директно удрило во камион за собирање на смет.

Според очевидци, автомобилот се движел со поголема брзина при што изгубил контрола.

ФОТО: Press24

На почеток