Властите во Кина ја блокираа „Википедија“, објави сопственикот на оваа онлајн енциклопедија. Фондацијата „Викимедија“ во април откри дека „Википедија“ веќе не е достапна во Кина.
Истражувачите на интернет цензурата посочуваат дека бесплатната интернет енциклопедија е последна од илјадниците други веб-страници до кои не може да се пристапи од Кина.
Земјата претходно ја имаше блокирано кинеската јазична верзија на Википедија, но блокадата сега е проширена на сите останати јазици.
Од Викимедија соопштиле дека не добиле никакво известување за ваквиот потег.
„Ви април, фондацијата Викимедија утврди дека Википедија повеќе не е достапна во Кина. Откако детално ги анализиравме нашите внатрешни извештаи за сообраќајот, можеме да потврдиме дека Википедија во моментов е блокирана на сите јазични верзии“, велат од фондацијата.
Во 2017 година страницата била блокирана во Турција, а оваа година таква блокада има направено и Венецуела.
