Македонија

Се степале, а едниот завршил во болница

На 14.05.2019 година околу 23.30 часот во Полициското одделение Галате, П.Х. од Република Албанија пријавил дека во куќа во која престојувале привремено во село Неготино настанала физичка пресметка помеѓу А.Х.(29) и Ф.П.(46), двајцата од Република Албанија.

Според пријавеното, А.Х. го турнал Ф.П. кој паднал и се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“, по што бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид на местото. А.Х. е приведен и задржан во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка. Се работи на целосно расчистување на случајот.

На почеток