Македонија

Мобилни тимови на ЦСР Скопје на улица затекнале 167 деца, вклучени во улична работа

Двонеделнен мониторинг на шест мобилни тимови на ЦСР Скопје на најфреквентните крстосници во Скопје, детектирал 167 деца, вклучени во улична работа. Од нив 18 биле  бебиња.

Овие деца биле принудувани на чистење стакла, питачење, продавање на мали предмети на случајни минувачи, а доколку се спротиставувале на вакво нешто, дечињата биле физички и психички малтретирани.

Од следниот месец уште 14 нови тимови ќе работат на терен. Во летниот период дел од нив ќе бидат префрлени и во туристичките центри во државава, бидејќи во тој дел од годината таму се врши најголема злоупотреба на детскиот труд.

На почеток