Актерката Ирена Ристиќ се огласи на социјалните мрежи по новообјавените приватни разговори на интернет. Таа вели дека „бомбите“ и се супер, оти покажувале како функционерите го третираат народот.
„Мене бомбите ми се супер! И оние претходните и овие сега! Зошто?! Зашто покажуваат дека од нас прајте мајмуни и не’ третирате како малоумници, но пред се’ и над се’ вие какво говно сте!!! Добро, де, не цело!! Пола говно… Добро направено! Мрш“, напиша Ристиќ.
