Членот на презедиумот на Левица, Димитар Апасиев, по објавата на прислушкуваниот разговор каде се слуша гласот на пратеникот Павле Богоевски, а со наслов „Пајо нарачува кокаин“, на социјалните мрежи побара оставка од народниот избраник.
„Белото да го вратите. Шала на страна, патец во средина… Пајо кога оставка бе копук? Од наши пари шмркате“, напиша Апасиев.
Објавата на разговорот предизвика лавини рекации во јавноста. Дел го поддржуваат Богоевски кој објасни дека нарачувал масло од канабис за негова блиска личност, а останатите со негативни критики бараат пратеникот да ја напушти функцијата. Професорката Мирјана Најчевска побара пратениците и функционерите да се проверуваат од страна на органите за да се види дали користат наркотични средства.
