Свет

СПЦ и МПЦ ќе го обновуваат дијалогот

Светиот архиерејски собор на СПЦ донел одлука да ги обнови преговорите за решавање на статусот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) и да ги продолжи разговорите за тоа со нејзини претставници,  објави Танјуг цитирајќи ја „Политика“.

Српскиот весник, повикувајќи се на извори од врвот на СПЦ, информира дека прашањето за МПЦ-ОА вчера било единствена тема на претпладневното заседание на највисокото црквено тело.

Неименуван извор за „Политика“ изјавил дека „српската црква не сакала да иницира обновување на дијалогот со Македонците се додека Јован Вранишковски бил во затвор“.

Но откако тој е пуштен на слобода во 2015 година и редовно учествува на заседанијата на Соборот на СПЦ, заедно со владиките на Православната охридска архиепископија, која је под закрила на српската црква“, СПЦ донела одлука за обновување на дијалогот.

 

На почеток