Свет

(ФОТО) Австриски министер по чорапи во парламентот

Австрискиот министер за европски прашања Гернот Блимел испровоцира „модна“, но и политичка бура, откако прошета без чевли, само по чорапи низ салата на парламентот.

Блимел во текот на вчерашната седница ги извадил чевлите и се прошетал низ салата по чорапи, кои биле во боите на неговата Народна партија “OVP”.

Кај опозициската Социјалдемократска партија “SPO”, таквото однесување предизвика големо негодување.

На почеток