Пратениците од Охрид Сашо Василевски Василевски и Љубен Арнаудов и Гоце Недески, поранешен началник на СВР Охрид се под истрага од Обвинителството за организиран криминал за закани кон обвинители на СЈО, кон сведоци за да не сведочат против Никола Груевски и раководството и за спречување на истрагата за „Талир“.
Ленче Ристоска за „Скопје 1“ потврди дека и во СЈО имаат сознанија дека се води постапка против пратениците, но нагласи дека во овој момент не може ништо да коментира за да не наштети на процесот.
„ Имаме сознанија дека се води постапка против споменатите, но не можам во овој момент ништо да коментирам. Постои и тајност на постапката, и случајот во јавност може да го коментираат само од Обвинителството “ изјави Ристоска за „Скопје 1“.