Коментари

Дечиња не можат во училиште и градинка оти не примиле вакцина, а тие пијани и издрогирани држава водат

Гласот на народот преку социјалните мрежи е ненарачана и добра анкета за тоа што мислат граѓаните за актуелните политички и други настани.

Еве два статуса од многубројни слични на социјалните мрежи, во врска со актуелните случувања во врска со пратеникот и учесник во Шарената револуција, Павле Богоевски:

– Дечињата не можат во училиште и градинка оти не примиле вакцина, а тие пијани и издрогирани држава водат. Не е до нив, до нас е, гласи краткиот коментар на граѓанин на Фејсбук.

И на Твитер слични коментари:

– Една афера и целото ѓубре исплива на површина. Одеднаш „па шо има везе, сите се дрогираат“ и „ај не ми глумете поштени“ стануваат главни аргументи. Замислете да се работеше за пратеник на ВМРО? Мислев дека избориве ве научија нешто. Од ароганција и двојни стандарди ќе си паднете, гласи пораката на Твитер и коментарот за релативизирањето на настанот со „кокаинскиот случај“ од страна на приврзаниците на власта и шарената револуција.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток