Македонија го освои осмото место, а победник на годинашниот Евросонг што се одржа во Тел Авив, е Данкан Лоренс од Холандија со песната Arcade.
Нашата претставничка Тамара Тодевска со песната Proud досега го освои најдобриот пласман. Додека течеше гласањето, Тамара долго време беше во водство, но сепак гласовите од публиката не симнаа подолу на листата.
Во финалето на 64. Евровизија се натпреваруваа 26 земји. За победникот одлучуваа гласовите на стручното жири и од телевоутингот од сите 41 земја учесничка, а се доделуваа по принципот 50-50. Од жирито најмногу гласови доби Шведска – 239, втора беше Македонија – 237, а трета беше Холандија со 231 глас.
Од Грција, Македонија доби само еден поен, а 12-ки ни дадоа повеќе земји како Албанија, Србија, Италија, Австрија, Велика Британија, Молдавија и Швајцарија.