Општина Кисела Вода спроведе акција за чистење на отпадот во населбата 11 Октомври. Со оваа акција беа исчистени околу 8 тони на отпад. Се чистеше отпадот од тротоарите, улиците, се кастреа исушените грмушки и гранки, а исто така се собираше и кабаст отпад.
Вакви акции во изминатиот период беа спроведени во Пржино, Црниче, населба и село Драчево, а ќе продолжат да се одвиваат во четврток и петок во населбите Бирарија и Цветан Димов.
Општината апелира да се почитува законот за јавна чистота, а отпадоците да се фрлаат во поставените корпи и контејнери за отпадоци.
