На автопатот Тетово – Скопје, на излез од Тетово, во утринските часови на 21. октомври, автомобил „хјундаи“ со тетовски регистерски таблици удрил во метална ограда, па во бетонски ѕид од канал за наводнување и се превртел.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила 39-годишна тетовка која го управувала возилото. Таа со брза помош била пренесена во Клиничката болница во Тетово, а потоа била префрлена во болницата „Аџибадем Систина“ во Скопје.
Полицијата извршила увид на местото на настанот и работи на целосно расчистување на случајот.