Тетовски полицајци со судска наредба во утринските часови на 21.октомври извршиле претрес во домот и помошните простории на 26-годишен тетовец.
При претресот, во собата на неговиот 54-годишен татко бил пронајден пиштол марка „екол-туна“ модел 635 и рамка за истиот, кои ги поседувал без одобрение.
Пронајдениот пиштол и рамката биле одземени и предадени за понатамошна постапка, а таткото и синот биле приведени во полициска станица и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.