Македонија

Димитров – Палмер: поддршка од САД за членство во НАТО и ЕУ

Евроатлантските перспективи на земјата, како и актуелните политички состојби во Република Македонија и во регионот биле тема на денешната средба на министерот за надворешни работи Никола Димитров со заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер, кој престојува во работна посета на земјата, соопшти МНР.

Министерот Димитров упатил благодарност за континуираната американска поддршка на евроатлантските интеграции на Република Македонија, соопштуваат од Министерството. Оттаму додаваат дека тој нагласил дека граѓаните на Република Македонија, иднината на својата земја ја гледаат во евроатлантското семејство, изразувајќи уверување дека земјата успешно ќе изоди патот кон заслуженото место во НАТО и во Европската унија.

Димитров и заменик помошникот државен секретар Палмер, разговарале и за тековните аспекти на процесот на пристапување на Република Македонија во НАТО, како и за неодамнешниот прогрес во однос на постапката за уставните промени во Парламентот, со цел успешна имплементација на Договорот со Грција и зачленување на Република Македонија во Алијансата како нејзина 30-та земја-членка, стои во соопштението.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток