Свет

„Листа 500“: Ердоган е највлијателниот муслиман во светот

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, се најде на врвот од листата на највлијателни муслимани од целиот свет, втората позиција му припадна на саудискиот крал Салман бин Абдулазиз ал-Сауд, а на трето место е јорданскиот крал Абдула Втори, објави новинската агенција „Анадолија“.

Јубилејната десетта едиција на годишната листа „500 највлијателни муслимани“, овој пат за 2019 година, ја објави Кралскиот исламски центар за стратешки истражувања со седиште во Јордан.

Во извештајот се вели дека Ердоган во август 2014 година станал првиот директно избран претседател на Турција и дека вториот мандат го освоил со победа во првиот круг.

„За време на мандатите на Ердоган, Турција постигна невиден економски раст, воведе уставни промени и повторно се етаблира како една од главните светски сили“, се вели во соопштението.

Исто така, се додава дека Турција под водство на Ердоган се фокусира на зајакнување на односите и соработката со земјите на сите седум континенти, а особено со соседите, вклучувајќи ја и Грција.

Во изданијата на листата 500 за највлијателни муслимани во светот за 2016 и 2017 година Ердоган го држеше осмото место, а во 2018 беше на петтата позиција.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток