Заменик-помошникот државен секретар за европски прашања на Соединетите Американски Држави, Метју Палмер денеска ќе престојува во Косово, каде што ќе се сретне со највисоките државни раководители, јави дописникот на МИА од Приштина.
Првично, Палмер претпладнево ќе биде примен од премиерот Рамуш Харадинај, а потоа ќе се сретне и со другите косовски лидери.
Американскиот дипломат доаѓа во Косово од Македонија, каде што вчера се сретна со премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и со лидери на партиите на Албанците во Македонија.