Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, на социјалните мрежи се пофали дека в македонскиот премиер Зоран Заев и неговата сопруга Зорица ги пречекале во нивниот дом.
,,Заедно со Анита, бевме гости во домот на премиерот на Македонија, Зоран Заев и неговата сопруга Зорица. Пријатен разговор, за добрососедство, коректна соработка и заедничка евро-атлантска иднина на двете земји!“-напиша кусо Харадинај.