Македонија

Судијата Тасев го доби спорот со Македонија

Штипскиот судија Славчо Тасев го доби спорот со државата Македонија, откако македонските судови не му дозволиле од Бугарин да стане Македонец. За ова, според судот во Стразбур, државата на Тасев ќе треба да му плати 4.500 евра и 1.800 евра за судски трошоци, објави МКД.мк

Славчо Тасев е судија од Штип повеќе од 22 години, од кои 9 години во Апелацискиот суд. Тој е роден 1959 година во Босилеград, Србија. Во Македонија се сели во 1978 година. Тука дипломира, формира семејство и живее во Штип. Цело време се изјаснувал како Бугарин, но во меѓувреме решава да ја смени националната припадност бидејќи доаѓа до докази дека неговото потекло е македонско.

Оваа промена подоцна станува единствената пречка за да се кандидаира во институцијата која бира и разрешува судии во државата – Судскиот совет.

Тасев во 2018 година решава да се кандидира за член на Судскиот совет како Македонец, но Советот го отфрла неговото барање бидејќи кај нив тој бил заведен како Бугарин. За ова Тасев добива пресуда и од Управниот суд.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток