Властите во западниот дел на Конго објавија дека најмалку 30 лица загинале, а 200 се исчезнати кога бродот потонал во езерото Маи Ндомба.
Градоначалникот на Инонго рече дека повеќето патници биле наставници и дека патувале со брод за да ги подигнат платите, бидејќи патиштата во областа биле во ужасна состојба, објави АП.
Бродот потонал поради лошите временски услови, а засега не е познато колку луѓе имало на бродот.