По дебаклот на Сириза на европските избори, грчкиот премиер Алексис Ципрас најави предвремени избори во Грција. Предвремените избори во Грција, според информации на ДВ на грчки јазик, ќе се одржат најверојатно на крајот на јуни.
“По вториот круг од локалните избори ќе побарам од претседателот на државата да распише предвремени парламентарни избори за на крај грчкиот народ да биде оној што ќе ја даде конечната одлука”, рече Ципрас во неговото обраќање неколку минути пред полноќ, откако неговата партија загуби и на европските и на локалните избори.