Денеска aмериканскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија свечено беа примени во царската палата во Токио, каде што беа пречекани од новиот цар на Јапонија Нарухито и царицата Масако.
САД и Јапонија планираат да соработуваат на вселенски мисии кои испраќаат астрономи на Месечината и на Марс, пишува Си-ен-ен.
„Ќе одиме на месечината“, рече Трамп, додавајќи дека наскоро ќе одат и на Марс.
Трамп пред државната вечера присуствуваше на билатерална средба и работен ручек во Палатата Акасака со премиерот Шинзо Абе со кого ќе разговара за трговијата, Северна Кореја и Иран.
Јапонскиот премиер изјави дека добил „целосна поддршка“ од американскиот претседател да се сретне со лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун. „Чувствувам оти морам да се сретнам со Ким во четири очи без поставување какви било предуслови и дека е потребно искрено да размениме ставови… Трамп рече оти ќе ми даде целосна поддршка за тоа“, изјави Абе по состанокот со американскиот претседател во Токио.