Татко на пет деца по потекло од Хрватска на 25 годишна возраст , во Милано до смрт го претепал својот две и пол годишен син.
Полицијата го привела таткото , а според судијата Валерио Натале , ќе остане во затвор зашто би можел да го повтори делото над другите деца. Неделава треба да почен обдукцијата на бебето , за да се потврдат претпоставките дека таткото го злоставувал и физички го малтретирал бебето и претходно.
Итлијанската полиција соопшти детали за убиството на двегодишното дете, кое до смрт било претепано од својот татко.
Обдукцијата на починатото дете е закажана за следната седмица и таа треба за да ги потврди шпекулациите дека таткото и претходно физички го малтретирал детето. Тоа што е откриено за време на истрагата е монструозно. Иако кога го нашле мртвото дете на креветот инспекторите прво мислеле дека таткото му ги врзал нозете за да го спречи да се движи, наскоро сфатиле дека мајката му ставала газа на стапалата бидејќи А.Х. му ги горел со запалка!
Повредите од изгореници, очигледно, биле неподносливо болни за детето, бидејќи цела ноќ пред убиството неутешно плачело. Наместо да го освести, плачот на детето уште повеќе го разбеснел неговиот татко, кој посегнал по хашиш за да се смири. Но, бидејќи детскиот плач му станувал сè понеподнослив А.Х. одлучил да го претепа својот син.
– Вистина е дека го претепав до смрт. Но верувајте ми, не сакав да го убијам. Го испушив хашишот, но бидејќи никако не можев да заспијам станав и го удрив. Кога видов дека не дишев, не мислев дека го убив, рекол убиецот во својата одбрана пред Јавниот обвинител.
Освен сега починатото дете, А.Х. и неговата сопруга, исто така од Хрватска, имаат уште две девојчиња на три и едногодишна возраст, кои биле згрижени од Центарот за социјална работа, додека еден постар син им живее во Хрватска. Децата ги презема Центарот за социјални работи.