Македонија

Според Ружин, Манфред Вебер е добро решение за Македонија

Нано Ружин, ректорот на Универзитетот ФОН смета дека позициите на Емануел Макрон и на Ангела Меркел се ослабени во рамките на ЕУ по европските избори изминатиот викенд. Сепак смета дека неповолно за Македонија и Албанија, и покрај очекуваната препорака за добивање датум за преговори, е тоа што никој не ги споменувал овие две земји во текот на предизборната кампања.

“Македонија може да се надева на позитивен епилог во пакет со Албанија или самостојно, со оглед дека Албанија треба да помине тежок тест на локалните избори во јуни, и сегашната ситуација таму не е баш позитивна. Можеби слабеењето на Макрон и големиот успех на СДП во Холандија, како и успехот на полските, унгарските и бугарските десничари кои го поддржуваат проширувањето на ЕУ на Балканот, може да бидат одлучувачки позитивни фактори за Скопје. Секако дека постои традиционален позитивен став на германската канцеларка Меркел кој го поддржа почетокот на преговорите со Македонија”, истакна Ружин за Ал Џезира.

Кога станува збор за избор на претседател на Европската комисија, смета дека Манфред Вебер е можно “среќно решение” за Македонија, затоа што “го поддржува проширувањето на ЕУ кон Балканот”.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток