Македонија

ВМРО ДПМНЕ со низа на забелешки за текот и дневниот ред на седницата

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ на денешната седница на Комисијата за деловнички и мандатно- имунитетни прашања имаше низа на забелешки во однос на текот и дневниот ред на седницата. Владејачкото мнозинство предводено од СДСМ не дозволи на дневен ред да се постави точката која беше формално поднесена од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, а која се однесуваше за барање за разгледување на прекршувањето на членови од етичкиот кодекс од страна на пратеникот Павле Богоевски кој е носител на функцијата претседател на деловнички и мандатно-имунитетната комисија. Ова барање беше формално поставено од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ на претходната седница на Комисијата, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Пратеничката Невенка Стаменковска истакна дека Богоевски сторил кривично дело и токму поради тоа мора да биде променет од позицијата претседател на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања поради кршење на етичкиот кодекс на Собранието.

Во поглед на дополнување на точката на дневниот ред, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ го побара тоа од вас, но одлуката што е морално и што е етички после јавното признавање на пратеникот Павле Богоевски за сторени кривични дела и посебно нарушување на угледот на Собранието на Република Македонија и кршењето на етичкиот кодекс, одлуката треба да биде ваша, вели пратеничката Невенка Стаменковска.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа на дневен ред да биде ставена промената на претседателот на Комисијата поради морални и етички причини, поточно Етичкиот кодекс кој е потпишан од пратениците на СДСМ и лично од се уште актуелните претседател на комисијата Павле Богоевски.

Очекував дека ваш предлог ќе биде промена на претседателот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Според информациите кои што ги имам вие како пратеничка група го имате потпишано тој етички кодекс, колегата Павле Богоевски го има потпишано тој етички кодекс и повикувајќи се на изјавите кои што сам ги даде колегата, почитувајќи ја презумцијата на невиност очекував од морални причини да вие како пратеничка група истиот го повлечете од претседател, а вие бидете претседател на таа комисија, додаде тој, стои во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток