Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, на покана од неговиот хомолог, претседателот на Собранието на Република Косово, Кадри Весели, присуствуваше на свеченото отворање на автопатот „Арбен Џафери“, кој ќе има големо влијание врз севкупната економска соработка и развојот на приватниот бизнис-сектор. Со ова инфраструктурно поврзување, патот помеѓу Приштина и Скопје ќе трае само 45 минути.