Македонија

Од утре нема да може да се плаќа во готово над 500 евра

Од утре нема да може да се купува и плаќа во кеш за работи поскапи од 500 евра.

Ова се однесува и на купувања во готово, односно сите производи чија цена е над 500 евра (во денарска противвредност) ќе можат да се купуваат само на картичка или со уплатница.

Забраната важи и за физички и за правни лица. Казните за прекршување на Законот се од 5.000 до 80.000 евра.

Од почетокот на годинава, дозволено беше плаќање во кеш на суми до 1.000 евра. Претходно, од јули 2018-та, износот беше ограничен на 2.000 евра.

Целта на оваа мерка, според властите е да се заштитат трговците и државата од пуштање во промет пари со сомнително потекло и да се намали сивата економија. Ова наиде на противење кај трговците и стопанските комори дека тоа ќе го намали прометот.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток