Ел Чека, псевдонимот на човекот кој ги објавува бомбите, преку видео-порака се обрати на јавноста. Тој порача дека нема да престанат да објавуваат бомби, се додека нема истрага за Диво Насеље од Меѓународната заедница.
-Материјалите ми се од Сами Укшини (командант Соколи), Ваљон Зека и Шек Халачи кои се во затворите на Македонија. Во случај мене ми се случи нешто, одговорноста ќе биде нивна. Чекавме четири години за да има правда. Поседуваме многу видеа и нема да престанеме се дури нема истрага од меѓународната заедница“, вели Ел Чека во својот видео-говор.