Македонија

Мисајловски: Граѓаните ќе ја изметат оваа влада на следните избори

Зоран Заев и СДСМ денеска ја почнуваат третата година од нивното вледеење. Две години поминаа во не работа, расипништво, безидејност и распродавање на државните интереси. Две години Република Македонија уназадува, истакна Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Долгот е зголемен за нови над половина милијарда евра. За првпат во историја јавниот долг надмина фрапантни 50% од БДП.

Потрошени се над 9 милијарди на име буџет, а ништо не е направено. Оваа и претходната година државата ги има најголемите буџети до сега, а граѓаните не чувствуваат позитивна промена, напротив тонеме.

Инфраструктурните проекти кои ги ветија не само што не се реализирани, туку и тие кои што беа оставени од ВМРО-ДПМНЕ не се пуштени во употреба. Имено нема 600 километри нов автопат, ниту пак 550 километри магистрални патишта, но не е пуштен во употреба ни автопатот Миладиновци – Штип, кој беше оставен од ВМРО-ДПМНЕ.

Економијата е оценета со 0 од страна на германските стопанственици, а последиците веќе се гледаат по висината на странските инвестиции, која во првиот квартал годинава е за десет пати помала од првиот квартал минатата година.

Јавниот сектор е претворен во дувло на непотизам. Пракса стана функционерите да си ги вработуваат роднините во јавната администрација, имавме неколку формални повлекувања, но поголемиот број останаа нечепнати.

Немаме никаква грижа во делот на социјалната заштита и заштитата на работниците.

Здравството ни е дно, луѓе се лекуваат со смс пораки, лекови нема во аптеките, а власта ветуваше бесплатно здравство и подобри услови. Ништо од тоа нема.

Се ветуваа итни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот, а две години по ред Скопје се гуши и е на врвот на светските листи со загаден воздух. Повторно ќе дојде зима и Скопје ќе биде најзагаден град во светот. Безбедноста е намалена, убиствата и грабежите ни станаа секојдневие, запалените автомобили се како декор на улиците.

Војската е сведена на предмет за потсмев, војниците имаат стара опрема, а касарните ќе ни ги чува приватна агенција за обезбедување, да не беше трагично ќе беше смешно.

Министерството за култура се користеше како средство за финансирање не само не културни здруженија, скандалите со грантовите од министерството за култура ја потресоа целата културна фела.

Правосудниот систем е заробен, Рускоска обвинителството обвинува, а Кацарска судството пресудува. Пресудите се носат по диктат, а не врз основа на право.

Образовниот систем е дерогиран, немаме напредок на ниедно поле, немаме нови школи, сали, ниту пак нова опрема.

Земјоделието е безперспектива, нема откуп, а кога го има цените се очајно ниски, како резултат на тоа гледаме се попразни села и непосеани ниви. И така можеме да редиме уште многу. Граѓаните ова го чувствуваат секој ден. Нема напредок, нема просперитет. Со оваа власт само назадуваме. Потребна е метла, но за целата влада, почнувајќи од Зоран Заев па надоле.

Граѓаните ќе ја изметат оваа влада на следните избори, истакна Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток