Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески вечерва беа во Келн каде македонскиот шампион РК Вардар настапуваше на фајнл фор турнирот.
Ова не е прв пат Мицкоски присуствува и ја дава својата поддршка на натпреварите на ракометниот клуб Вардар.
„Кога сте мотивирани и верувате во себе, нема невозможни работи и само небото е лимит. Македонски Вардар го покажа токму ова, покажа карактер, нескршливост и верба во победа . Честитки.
Напред шампиони, напиша претседателот на ВМРО ДПМНЕ на социјалната мрежа фејсбук.
Претходно пред натпреварот Мицковски напиша:
Со срце и љубов за Вардар, за победа и нова заедничка радост. Напред Вардаре!